(ВИДЕО) По олимписката, Франција по голема борба стигна и до европската ракометна титула!

Loading

Франција е нов европски шампион откако во финалето во Келн по продолжението го победи светскиот првак Данска со 33-31 (14-14).

фото: Twitter/@EHFEURO

За Франција ова е 4-та титула европски првак по пауза од 10 години откако во 2014-та тогаш ја победија Данска во финалето.

Првиот дел мина во голема борба со минимална предност на двете репрезентации. Франција прва успеа да се одлепи со водство од 6:4. Но Данска со серија од 4-0 дојде до +2 (8:6) во 16. минута.

При серија од четири голови на Данска, најзаслужен е голманот Нилсен, кој одбрани неколку зицери, а првиот дел го заврши со 11 одбрани.

Во продолжението Франција се обидуваше да дојде до предност, но резултатот најчесто беше нерешен во овој дуел дури 11 пати.

На стартот од вториот дел Данска поведе со 17:14 за потоа „триколорите“ постојано да ја бркаат предноста на ривалот.

Во последните 10 минути Данска имаше гол предност. Франција изедначи за првпат во вториот дел на 23:23, а потоа и на 24:24.

Мае реализираше седум метри за Франција и водство од 25:24. По тајмаутот, Данска почна да игра 7 на 6 во напад.

Хансен ги постигна првите голови од игра за водство на Данска 26:25. При водство од 27:26 Ремили погоди статива од голот на Данска, а селекторот на Данска Јакобсен побара нов тајмаут.

Сепак, Данска не го реализираше нападот, а на 30 секунди до крајот изедначи Фабрегас на 27:27. Во последниот напад Данска не реализираше и натпреварот замина во продолжение.

Во регуларните 60 минути имаше дури 16 изедначувања на резултатот.

И првото продолжение заврши без предност 29:29, а резултатот уште во два наврати беше изедначен.

Почетокот на второто продолжение беше во знакот на двата гола на Дика Мем, негови први голови на мечот што се покажаа како решавачкои.

Микаел Хансен со 9 голови беше најпрецизен, а 7 голови постигна од 7 метри, додека кај Франција Фабрегас имаше 8 голови.

Емил Нилсен од Данска финалето го заврши со 15 одбрани. Бронзата ја освои Шведска откако ја победи Германија со 34-31.

За МВП на првенството е прогласен Ремили од Франција. Коста од Португалија и Гидсел од Данска се најдобри стрелци на ЕУРО 2024 со по 54 голови.

Следното Европско првенство ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска во 2026 година.