На дуелот од ЛШ помеѓу Интер и Црвена Звезда, во Милано се најдоа и поранешните соиграчи на нероазурите кои стигнаа до историската тројна круна во 2010 година.
Меѓу нив беше и нашата фудбалска легенда Горан Пандев кој беше гостин на Интер и заедно со Диего Милито, Марко Матераци и Кристијан Киву го проследија мечот од 2.коло во ЛШ каде Интер со 4-0 ја победи Црвена Звезда.
Мора да се напомене дека Горан Пандев исто така беше гостин и на првиот меч на Интер во ЛШ против Манчестер Сити на Етихад кој заврши 0-0.
Погледнете ја атмосферата во ложата каде се сретнаа поранешните соиграчи на Интер во времето на шампионските денови…..
💙🖤 Milito, Chivu, Materazzi and Pandev in the house for Inter vs Red Star Belgrade! 🤩 pic.twitter.com/KrNKOAhJfA
— EuroFoot (@eurofootcom) October 1, 2024