Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е победник на АТП 1000 турнирот што се одржа во Пекинг, Кина.
Тој во финалето, кое долго ќе се раскажува, го победи тенисерот број еден во светот Италијанецот Јаник Синер со 2:1 во сетови 6:7, 6:4 и 7:6, по три часа и 21 минута феноменален и атомски тенис.
Спектакуларни поени имаше од почетокот до крајот на мечот за трофејот. Алкараз прв стигна до брејк, поведе со 3:1 во првиот сет, но му дозволи на Синер да го врати брејкот со водство од 5:4 и да остане во првиот сет, во кој славеше по тајбрејкот.
Претходно, Шпанецот пропушти дури три сет-поени.
Во ист ритам продолжи и во вториот сет. Алкараз беше порешителен и помирен во самата завршница, стигна до брејк во деветтиот гем и овојпат ја потврди предноста стекната со добар сервис гејм за израмнување на сетовите на 1:1.
Драмата кулминираше во третиот сет. Алкараз направи брејк во третиот гем, поведе со 2:1 и се чинеше дека го има мечот во рака.
И покрај тоа, Синер уште еднаш докажа зошто е прв на планетата, го врати брејкот во осмиот гем и израмни на 4:4.
Се беше решено во тај-брејкот, а во него Шпанецот покажа дека е нешто подобар ривал иако имаше негатива од 3-0 на стартот.
Сепак со серија од седум поени во низа успеа да слави и да го освои трофејот во Пекинг.
Погледнете ги мајсториите на новите АТП владетели……