ВИДЕО: Овој човек лета! Погледнете го спектакуларното забивање на новата НБА ѕвезда!

Loading

Претходната вечер во НБА лигата го имавме најатрактивниот потег кој беше виден на средбата Бруклин – Мемфис!

фото:YOUTUBE/MLG HIGHLIGHTS/SCREENSHOT

Гризлис му одржаа лекција на првиот фаворит за шампионскиот прстен (118:114), кој мака мачи со заразени играчи и најверојатно ќе го врати Кајри Ирвинг во ростерот, како да го инспирирал талентираниот Морант да изведе забивање што ќе заврши во шпиците на НБА.

Морант беше најефикасен на натпреварот со 36 поени, имаше и 6 скока и 8 асистенции, но сето тоа го засени забивањето што го направи кон средината на третиот период.

Тој истрча од својата половина, го одби налетот на Дурент, а потоа моќно ја заби топката помеѓу Бембри и Џонсон, кој не можеше да го спречи.

Морант спектакуларно летна во воздух, а потоа со едната рака ја заби топката во кошот и предизвика неверување на клупата на својот тим …

Можеби најдобрата реакција на Дурант покажува каков мајстор е Џа!