Невидена состојба во Евролигата – Голем број откажани натпревари, се размислува за прекин!

Loading

Од вкупно девет натпревари од 19.коло во Евролигата ќе се одигра само еден.

евролига1

Неверојатната ситуација е предизвикана од пандемијата и новото масовно ширење на корона вирусот на европско ниво.

Последен во низата одложени натпревари е дуелот меѓу ЦСКА и Барселона поради маките на Каталонците.

Како што стојат работите во моментов, единствениот натпревар што ќе се одигра е натпреварот во Милано каде Олимпија во петок од 20 часот и 30 минути ќе го пречека Зенит.