На турнирот во Берлин руската тенисерка Дарија Касаткина со еден гест ја направи бесмислена војната која со месеци трае во Украина.
Таа покажа дека во спортот владее фер плеј и дека владее пријателството меѓу спортистите.
Русинката на турнирот во Берлин ја победи колешката од Украина Анџелина Калинина со 2:1 (5:7,6:3, 6:1), но нивниот меч го одбележа спортскиот потег на победничката!
Калинина го повреди зглобот на мечот, а на помош прва и пријде Русинката која истрча со кеса мраз со намера да и помогне.
По помошта, Украинката го продолжи натпреварот, но не успеа да го промени резултатот…
Погледнете го гестот за кои зборуваат сите и го обиколи светот….
Lending a helping hand 👐@DKasatkina quick to respond after Kalinina goes over on her ankle ❤️🩹#bett1open pic.twitter.com/dU68qGEN1W
— wta (@WTA) June 13, 2022