ВИДЕО: Ова не се случило до сега – Овој тренер на сред меч доби отказ откако падна магла и беше прекинат!

Loading

Бизарен отказ се случи во Шкотска, откако тренерот на Килмарнок, Томи Рајт доби отказ веднаш по прекинот на натпреварот на неговиот тим поради магла!

фото: SNS Group

Имено, натпреварот од втората лига на Шкотска помеѓу Килмарнок и Данфемлајн беше прекинат во 63. минута со резултат 1:1 бидејќи не можеше да се игра поради густата магла.

Судијата Крег Напиер ја прекина играта, а кога продолжи натпреварот Килмарнок имаше друг тренер! Екипата која лани играше во првата лига пред овој меч претрпе пет порази, а сега веднаш по завршувањето на овој меч беше прекината соработката со Рајт.

“Знам колку Томи сакаше да ги врати успесите во Килмарнок. Сите во клубот знаат дека враќањето во Премиер лигата е прва цел, како и засилувањата во јануарскиот преоден рок. Но, фокусот сега ќе биде на доведување нов менаџер – изјави директорот на клубот.

Килмарнок излезе од маглата без тренер, а тешко се памети слично отказ во светот на фудбалот.