Рафаел Надал го совлада Фабио Фоњини (3:1) и го продолжи патот до трофејот на УС Опен, а овој меч го одбележа и бизарна повреда.
Шпанецот се повреди со рекетот, односно се удри во носот при обидот да стигне до една топка која Италијанецот ја испрати.
Откако го изведе ударот, славниот шпански тенисер се удри себеси во лице, а веднаш се појави крв. Отпрвин не знаел што се случило и од каде тече крвта, па бил целосно збунет од ситуацијата.
Почна да се допира по лицето и да се упати кон мрежата каде го чекаше неговиот ривал. Рафа имаше доволно смиреност да отиде до својата клупа и таму да легне пред да се појави лекарот кој требаше да ја санира неговата повреда.
Веднаш беше повикан медицински тајм-аут, а докторот лесно му го реши проблемот на Надал. Фабио Фоњини мораше да чека само неколку минути докторот да го запре крварењето на лицето на шпанскиот тенисер и мечот да продолжи.
Иако, Италијанецот немаше многу шанси да го промени исходот на овој натпревар. Искусниот Фоњини го доби првиот сет, а потоа ги загуби следните два, а во моментот на повредата беше 3:0 во четвртиот сет за Шпанецот.
Надал рутински го приведе мечот до крај и му препушти само еден гем на својот голем ривал.
По мечот Рафаел Надал изјави дека ова не е прв пат да доживее слична повреда, но дека никогаш претходно не се удрил со тениски рекет.
„Малку ми се вртеше во главата и беше болно. Ова ми се случи и порано, но се удрив со палка за голф, а не со тениски рекет“, откри шпанскиот тенисер.
Погледнете како се случи овој инцидент:
Nadal is down and BLEEDING after a self-falcon busted himself open 😳🩸
🖥️ The US Open | LIVE on 9Gem, 9Now and Stan Sport.#USOpen #Tennis pic.twitter.com/SBB1ltZLs1
— Wide World of Sports (@wwos) September 2, 2022