На социјалните мрежи се појави видео од соблекувалната во која се наоѓаше италијанската репрезентација во Палермо.
Фудбалската репрезентација на Италија доби болна шлаканица во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Среде Палермо, Италијанците претрпеа шокантен пораз од Македонија (1:0) и со тоа останаа без шанса за настап во Катар во ноември.
Европскиот првак исклучително тешко го поднесе овој неуспех и подоцна својот гнев го искажа во соблекувалната.
На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види во каква состојба излегле од соблекувалната. Зад нив останале само урнатини и скршеници.
“Голем срам и целосно непочитување кое не може да се оправда со гнев и фрустрација по елиминацијата од Македонија. Италијанската фудбалска федерација ќе мора да им се извини на организаторите на натпреварот во Палермо. Играчите оставија крајно лош пример”, пишува „Кориере дело спорт“.