(ВИДЕО) Му го исполни ветувањето од пред 5 години – Убав гест на Федерер кој ќе ве разнежни сите!

Loading

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер неодамна го прослави својот 41 роденден, а веднаш потоа реши да му го разубави животот на едно момче кое е негов обожавател уште од детството.

фото: Sportbible.com

Иако швајцарскиот ас неодамна беше избришан од АТП листата бидејќи не играше од Вимблдон минатата година, Роџер Федерер не планира да ја заврши кариерата туку се подготвува да се врати на теренот.

Швајцарецот е една од најголемите икони на светскиот спорт, тој е и човек кој сака да ги радува другите, а тоа го покажа и кога му го разубави денот, а камоли животот на младиот Зизо, момче на кое му вети натпревар со него пред пет години!

Младиот тенисер немал поим што му се подготвува! Тој седна во ресторанот, а сите почнаа да му се обраќаат со почит.

Тој бил во неверување кога главниот готвач сакал да се слика со него, а во позадина видел деца со транспаренти со неговото име.

Сцената ја гледал во благ шок, а кога го видел Роџер Федерер не можел да ги задржи емоциите!