Македонската кошаркарска репрезентација во рамките на првото коло, во Групата Ц од ЕП 2015 во кошарка чии домаќин е Загреб, загуби од Грција со 65:85.
Македонија добро го отвори мечот и на стартот поведе со 7:1, но Грците по тајмаутот ни направија серија од 0:11 која на крајот се покажа како решавачка за конечниот победник.
Македонија во вториот и третиот период во целост му парираше на фаворизираниот противник, во тие 20 минути македонските кошаркари постигнаа само два поени помалку од противникот.
Сепак последната четвртина донесе целосен пад во играта на Македонија што Грците го искористија и го приведоа мечот кон крајот со убедлив резултат од 85-65.
Костоски со 20 поени ја предводеше Македонија, а двоцифрен број на кошеви за Македонија постигна уште и Војдан Стојановски, вкупно13.
Кај Грција се истакна триото Принтезис 18 поени, Бурусис 16 поени и 10 скока, Куфос 11 поени и 11 скока.
Македонската репрезентација во второто коло ќе игра денеска против Холандија, натпреварот е закажан за 15 часот.