Видео: Лестер и Манчестер Сити одиграа без голови 0-0. Арсенал остана лидер!

Loading

Дербито на Англиската премиер лига помеѓу Лестер и Манчестер Сити заврши без победник и без голови 0:0, во претпоследниот натпревар од 19.коло во англиската Премиерлига.

leicester-city-manchester-city1

Натпреварот во Лестер донесе динамичен фудбал, неколку добри шанси на двете страни за постигнување на гол, но на крајот сепак мрежите мируваа.

Најсериозната прилика за гол ја имаше напаѓачот на Лестер Варди кој во финишот на првото полувреме, од 14 нетри биеше високо над голот.

По овој меч Лестер се израмни на врвот со лидерот Арсенал со 39 бодови, Манечстер Сити е трет со 36, а четири бода помалку од лидерската двојка има Тотенхем.

leicester-city-manchester-city

Последниот меч оваа година во Премиерлигата ќе се одигра помеѓу Сандерленд и Ливерпул.