Видео: МЗТ Скопје несреќно поразен од Мега Лекс со 77-76 со тројка во последната секунда

Loading

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром несреќно загубија во дербито на 17.коло во АБА лигата од подобро пласираниот тим на Мега Лекс со 77-76.

mzt-mega

На тој начин металците ставија крај на победничката серија под водство на тренерската палка на Александар Јончевски.

Во драмата во СЦ Јане Сандански, Мега Лекс стигна до победа откако по последните 2 секунди погодија тројка кој ја постигна Данило Николиќ за минимална победа.

МЗТ и Мега Лекс одиграа исклучително квалитетен и неизвесен натпревар, преполн со пресврти, кој го реши Николиќ речиси со звукот на сирената.

Мега Лекс играше подобро во првото полувреме, кога стекна предност од 11 поени, но МЗТ Скопје во вториот дел успеа да го преземе водството со една одлична серија од 15:2.

Во последните 90 секунди се случуваше вистинска драма, кошаркарите на МЗТ не погодија пет од осумте слободни фрлања, а при резултат 76:74 за МЗТ, Данило Николиќ имаше мирна рака погоди тројка и на Мега и ја донесе 11-та победа во АБА лигата.

mzt-mega1

Урош Луковиќ со 17 поени и 7 скока, односно Данило Мијатовиќ со 16 поени го предводеа МЗТ Скопје, додека кај Мега Лекс се истакна искусниот Борис Савовиќ кој на дебито во новиот тим постигна 24 поени.

МЗТ по 17 натпревари во АБА лигата има скор од 7 победи и 10 порази и останата на 6-тото место, додека Мега Лекс со 11 победи и 6 порази се зацврсти на четвртото место на табелата во АБА.

Во наредното коло, кое на програмата е на 3.јануари, МЗТ Скопје ќе гостува кај Игокеа.