(Фото) Никола Јокиќ рипна во тавче! – Која е невестата?

Loading

Српскиот кошаркар и член на НБА тимот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ по 7 годишна врска денеска и официјално се ожени со својата девојка Наталија Мажешиќ.

На првите фотографии што се појавија од венчавката, можеме да видиме дека невестата блеска во бела венчаница, додека во раката држи бидермаер, но носи и крзно поради студеното време.

Никола избра сино свечено одело, а под сликите имаше честитки и добри желби до младенците.

Двајцата се венчаа во родниот град на српскиот репрезентативец Сомбор, а пристапот до храмот на Српската православна црква беше под надзор на обезбедување и само избраните можеа да пријдат додека се обработуваше црковната венчавка.

Ние му посакуваме среќен брачен живот на Јокиќ….