Фудбалерите на Интер изборија место во полуфиналето на италијанскиот куп, откако во дербито го победи Наполи со 2-0 во Неапол.
Стрелци на головите беа Јоветиќ и Љајиќ во последната четвртина од натпреварот.
Со тоа, Интер веројатно ја оствари најголемата победа оваа сезона во четвртфиналето од италијанскиот Куп со оглед на тоа што ја елиминираа екипата која оваа сезона на домашен терен не знаеше за пораз.
Уште на стартот Интер воспостави свој ритам на игра и го затвори најдобриот играч на Наполитанците, Гонзало Игуаин.
Гостите најпрвин преку Јоветиќ со маестрален удар го совлада Реина во 74-та минута, за во самиот финиш Љајиќ да истрча во одлична контра и да ги постави конечните 0-2.
Па така Интер во полуфиналето од италијанскиот куп ќе се судри со подобриот од дуелот помеѓу Јувентус и Лацио кој се игра вечерва.
Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Милан и Александрија.
SSC Napoli 0:2 Inter – Highlights 19/01/2016 by OfficialGoals