Најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ, вчера го прослави својот 39-ти роденден, па реши да се почасти …
Напаѓачот на Милан се пофали со подарокот што го доби од самиот себе, а станува збор за најновиот луксузен автомобил „Порше 911“ (Heritage Design Edition), кој е произведен во 992 примероци и чини повеќе од 200 илјади евра.
„Среќен роденден, Златан“, напиша Ибрахимовиќ на Инстаграм под сликата на неговото ново милениче.
За жал, Ибрахимовиќ ќе мора да почека малку за да ја испроба својата нова машина, бидејќи тој е во карантин, откако неодамна беше позитивен на КОВИД-19.
Златан е голем љубител на скапи автомобили. Минатата година тој купи „Ферари“ од ограничена серија во вредност од дури 1,5 милиони евра за неговиот 38-ми роденден.