(ВИДЕО) Ибра проговори на болна тема и лошиот однос со својот татко….

Loading

Иако минатата година ја заврши својата играчка кариера, Златан Ибрахимовиќ (42) се уште е интересен за многу медиуми.

Така одличниот шведски фудбалер, кој во текот на својата кариера освои 31 клупски трофеј и постигна 469 гола на 827 официјални натпревари, даде големо интервју за „ABtalks“.

Една од темите беа неговите родители Јурка Гравиќ и Шефик Ибрахимовиќ.

„Нашето семејство е многу измешано. Мајка ми е чистачка. Имам две сестри од страната на мајка ми, со постарата не сум во контакт, а со другата, која исто така е постара од мене, сум поблизок, бидејќи имаме ист татко и мајка. Мојот постар брат почина пред неколку години, а имам и помлад брат од страната на мајка ми. Имам добар однос со мајка ми, а малку полош со татко ми. Но тоа не значи дека тој е лош. Морате да го разберете балканот затоа што таму гордоста е голема работа. Кој носи храна на масата и кој се грижи за семејството… Јас сум отишол на повисоко ниво во однос на економичноста и други работи затоа што верувам во тоа“, изјави Ибрахимовиќ.