ЛА Лејкерси му врачија отказ на тренерот Дарвин Хем

Loading

Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хем, соопштија од клубот.

Хам доби отказ откако Лејкерси беа елиминирани од Денвер во првото коло од плејофот на Западната конференција.

,,Ја цениме работата на Дарвин Хам и ги признаваме сите резултати што ги постигна со тимот во изминатите две сезони“, изјави генералниот директор на Лејкерс, Роб Пелинка.

Хем ги водеше Лејкерси две сезони и забележа вкупно 90 победи и 74 порази, а беше елиминиран од Денвер во плеј-офот и минатата и оваа сезона.

За потсетување Лејкерси и Хем го подигнаа пехарот оваа сезона во новото НБА натпреварување, а тоа беше ПлејИн турнирот.