(ВИДЕО) Го нарекуваат ,,Новиот Џоковиќ,, но е крајно безобразен – Вавринка остана во шок!

Loading

Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка се пласираше во осминафиналето на Индијан Велс, откако го изненади многу помладиот тенисер од Данска, Холгер Руне.

фото: TWITTER/TENNIS TV/SCREENSHOT

Натпреварот траеше повеќе од два и пол часа, а Вавринка го искористи своето искуство од големите турнири и успеа да слави и покрај тоа што неговиот противник е талент во налет.

На крајот беше 2:1 за Вавринка (во сетови 6:2, 6:7, 7:5), а најинтересниот детал се случи по средбата во Калифорнија.

Вавринка и Руне се поздравија на мрежата, без да бидат особено блиски, по што тинејџерот од Данска, речиси половина помлад од Швајцарецот, почна да провоцира:

„А сега немаш што да ми кажеш!?“.

Вавринка остана зачуден од начинот на кој му се обрати младиот колега, а додека се разминуваа само му рекол:

„Што сакаш да ти кажам?“,

По мечот го објави и на Твитер кога го видел Видеото. Само се насмеа поради коментарите на Руне, а оние кои не го следат толку тенисот можеби не знаат дека тие двајца имале „чудна“ средба на интернет пред една година, со тоа што тогаш улогите биле сменети.

Руне го победи Вавринка на Мастерсот во Париз, а потоа швајцарскиот ас му одржа лекции на новопеченото „дете“ од Данска:

„Мој совет до тебе е да престанеш да се однесуваш како бебе на теренот. Добро?“.

https://twitter.com/stanwawrinka/status/1635432031084744704?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1635432031084744704%7Ctwgr%5Ed1c7b2863592c6e5205375c55451c149c86a0562%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmondo.rs%2FSport%2FTenis%2Fa1758873%2FHolger-Rune-provocira-Stena-Vavrinku.html