Фотографијата која фудбалерот на Манчестер Јунајтед ја објави на Инстаграм за краток период собра речиси 10.000.000 „лајкови“.
Се што прави Кристијано Роналдо предизвикува големо внимание. Не е важно дали постигнал гол или направил нешто спектакуларно на теренот или едноставно споделил фотографија со семејството.
Овој пат Кристијано и неговата избраничка Георгина Родригез за Божиќ носеа црвени божиќни пижами, а на гости имаа семејство фудбалери.
Тие одлучија дека најдобро место за фотографијата се скалите покрај украсената елка, а објавата набрзина доби огромен број „лајкови“ и коментари од обожавателите кои се одзваа на убавите желби на Португалецот.