Новите шампиони на премиер лигата Лестер, уште еднаш ја прослави титулата шампион на Англија.
Лестер го живее својот најубав сон со освојувањето на титулата шампион, а играчите на оваа екипа со парада низ градот заедно со навивачите ја прославија титулата.
Улиците на Лестер беа преполни, а меѓу играчите и навивачите владееше одлична атмосфера пред 100 илјадната публика.
Овој клуб успеа да оствари историски успех и навивачите тоа знаеја да го наградат.
Сега за нив следи пауза од неколку недели, а тогаш почнуваат подготовките за наредната сезона во која Лестер за прв пат во клубската историјата ќе настапи во Лигата на шампионите.