ВИДЕО: Енди Мареј во стилот на Ник Киргиос – Со овој сервис-поен го шокираше младиот шпанец!

Loading

Кога Ник Кирјос го прави тоа, целиот свет се бунтува против проблематичниот Австралиец и неговата желба да ги понижи своите противници. И сега истиот потег го направи Енди Мареј, човек што досега не го знаевме како провокатор!

Поранешниот број еден се обидува да се врати на врвот на светскиот тенис и да ја продолжи кариерата се додека ужива во тенисот, но вистинското прашање е колку младиот Карлос Алкараз уживаше во ваков натпревар.

Спектакуларниот четвртфиналист на УС Опен беше поразен од Британецот со 2:1 (5:7, 6:3, 6:2), а еден од поените загуби со сервис „под рака“.

Тоа е непопуларен сервис во тенисот кој најчесто не го користат големите ѕвезди, но Мареј за прв пат се реши да го искористи и му се исплатеше. Потоа и објасни зошто го направил тоа.

„Ако видите каде стоеше на почетокот на мечот за време на моите први сервиси, а потоа каде стоеше на крајот од сетот, ќе видите дека постојано се повлекуваше наназад. Оваа подлога е малку поспора и немав многу шанси да освојувам поени директно од сервис“, рече Мареј.

Тоа беше маестрален потег на Шкотот и според мислењето на многу тениски експерти еден од најдобрите сервиси на сите времиња изведен на овој начин. Можеби едноставно не беше фер кон младиот тенисер од Шпанија …

Погледнете како тоа изгледаше: