ВИДЕО: Див запад на пријателски натпревар во Босна – Пукање, нереди и повредени!

Loading

Пријателскиот натпревар меѓу Сараево и Љубушки го одбележаа немили сцени надвор од стадионот.

фото: youtube/Kliks

За време на натпреварот се слушаа пукотници, а Кликс јавува дека се приведени шест навивачи, но имаше и неколкумина повредени.

Стана гужва откако стотина навивачи на Сараево пристигнаа во Љубушки за да го бодрат својот клуб, а на полувремето забележаа дека некој им ги уништува возилата околу стадионот.

Тогаш дојде до пресметката во која било употребено и огнено оружје што може да се слушне на видеото подолу.

Според присутните, некој пукал само во воздух за да спречи понатамошни немири… Навистина шокантни сцени …