(Фото) Гостите од Белград победници на турнирот од јубилејот 75 години ОК Вардар!

Со две победи во два дена, гостите од Белград тимот на ОК Партизан е победник на ревијалниот турнир по повод 75 години постоење на ОК Вардар.

Белградскиот состав во крајно возбудлив меч вечерва со 3-2 во сетови го победи славеникот ОК Вардар (20-25, 25-22, 19-25, 25-23 и 12-15) во СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Нашиот тим на два пати се враќање резултатски во игра од негатива откако Паризан успеа да ги добие првиот и третиот сет.

Во решавачкиот петти сет, ОК Партизан беше поумешен во финишот и дојде до победа и триумф на јубилејот на „црвено-црните“.

Во вчерашниот меч ОК Партизан со 3-1 во сетови беше подобар од тимот на ОК Струмица 47.

Уште еднаш Честит јубилеј 75 години ОК Вардар и да се множат ваквите јубилеи, настани и успеси.

НАПРЕД ВАРДАР!!!