Каков е тој континент кој се плаши дека ќе се зарази од еден човек? – Вујовиќ удри по Австралија!

Loading

Поранешниот селектор на српската ракометна репрезентација застана покрај најдобриот светски тенисер.

фото: Profimedia, EPA/Ian Langsdon

Малкумина јавни личности од светот на спортот отворено го поддржаа Новак Џоковиќ. Многумина си ги избраа зборовите, обидувајќи се случајно да не им замерат на политичарите од Австралија.

Сепак, еден од оние кои јавно кажа што мисли за срамниот потег на Австралија да го депортира Новак, е легендата на српскиот ракомет и поранешен селектор Веселин Вујовиќ.

фото: Profimedia

– Каков е тој континент кој се плаши дека еден човек ќе ги зарази? Срамота е најдобриот тенисер да дојде во таква ситуација да го сметаат за мигрант, криминалец… Ова покажува дека власта може да прави што сака и како сака… Не може да биде против тоа – изјави Вујовиќ во интервју за загрепската телевизија Вечерњи лист.