Пријателскиот натпревар меѓу Сараево и Љубушки го одбележаа немили сцени надвор од стадионот.
За време на натпреварот се слушаа пукотници, а Кликс јавува дека се приведени шест навивачи, но имаше и неколкумина повредени.
Стана гужва откако стотина навивачи на Сараево пристигнаа во Љубушки за да го бодрат својот клуб, а на полувремето забележаа дека некој им ги уништува возилата околу стадионот.
Тогаш дојде до пресметката во која било употребено и огнено оружје што може да се слушне на видеото подолу.
Според присутните, некој пукал само во воздух за да спречи понатамошни немири… Навистина шокантни сцени …