(ВИДЕО) Да се наежиш! Денеска е денот кога цела Македонија беше на нозе – РК Вардар стана шампион на Европа!

Loading

На денешен ден пред точно 5 години, ракометниот клуб Вардар за првпат во историјата стана шампион на Европа!

Беше тоа неверојатен викенд во Келн, кој кулминираше со драма во која како победници излегоа момците на Раул Гонзалез, откако Иван Чупиќ погоди во последната секунда и го матираше Омејер, на Вардар му ја донесе првата титула шампион на Европа во ЛШ.

Ова беше првото од двете европски освојувања на црвено-црните, кои и две години подоцна повторно се искачија на врвот во Европа.

Потсетете се и уживајте во тие убави времиња кои донесоа многу радост и среќа на цела Македонија….