Малер до малер оваа година – Шакира и Барселона го пречкртаа Пике!

Играчот на Барселона, Жерар Пике се разведува од пејачката Шакира, по десетгодишен брак од кој имаат две деца – Милан и Саша.

фото – АР

Шакира денеска се огласи откако во јавноста најпрвин протече информација дека Пике ја изневерува Шакира, по што беше откриено дека зад нејзиниот грб гледа 20 годишна студентка од Барселона, а се чини дека тука не е крајот на проблемите за познатиот шпански фудбалер.

Се шпекулира дека наводно Шакира ги има фатено двајцата во кревет, а по тој настан Пике се иселил од нивниот заеднички стан.

фото: twitter/Barça Universal

Барселона се надева дека Жерар Пике ќе објави крај на кариерата на крајот од сезоната 2022/23, се со надеж дека ќе заштеди дури 80 милиони евра.

Клубот се надева дека Пике ќе каже „Се повлекувам“ уште пред да му истече договорот со Барселона, бидејќи тој сè уште е еден од најплатените играчи во светот, дури и откако се согласи да ја намали својата плата поради финансиските проблеми на клубот за време на пандемијата, и фактот дека не можат да донесат засилувања.

Претходно Пике беше во центарот на скандалот затоа што преговараше милионски договор со првиот човек на шпанскиот фудбал Луис Рубиалес, со кој шпанскиот Суперкуп беше префрлен во Саудиска Арабија, а за тоа доби „огромен дел од тортата“.

Во текот на кариерата заработи многу пари, и започна многу бизниси, па парите што Барселона би му ги платила за да продолжи да игра фудбал – не се толку важни.

Посебно по сите приватни проблеми во кои „влегол“, а поради кои можеби нема да може да и посвети доволно време на кариерата.

Пике (35) е во Барселона од 2008 година кога се врати од Манчестер Јунајтед, а оваа сезона одигра 39 натпревари за каталонскиот клуб и постигна три гола.

Но, имаше и многу проблеми со повредите …