(ВИДЕО) 25 години од нестварниот слободен удар на Карлос – Научниците уште се прашуваат што е со законот на физика!

Пред 25 години се одигра натпревар кој ќе остане запаметен по голот кој научниците се уште се обидуваат да го објаснат.

фото: ony Marshall/EMPICS via Getty Images

Роберто Карлос во 20. минута од натпреварот Бразил-Франција ја постави топката на 35 метри од голот, фати огромен залет и покрај сите закони на физиката, го погоди левиот агол на Фабијан Бартез, кој остана закопан во своето место.

Пријателскиот натпревар заврши со резултат 1:1, а стрелец за Франција на тој натпревар беше Келер во 55. минута.

Роберто Карлос по богатата фудбалска кариера се „фрли“ во тренерските води во кои цели две години беше тренер на Анжи, пред да се пресели во Сиваспор каде настапуваше и како тренер.