Фудбалерите на второлигашот Бурмаут славеа над Болтон со 3-0 во претпоследното коло во англискиот Чемпионшип и си обезбедија пласман во Премиерлигата следната сезона.
Бурмаут има 87 бода, три повеќе од Мидлзброу и за 19 голови подобра гол разлика, што значи дека само чудо може да го спречи овој тим прв пат во својата 125-годишна историја да заигра во Премиерлигата.
Покрај Бурмаут пласман во Премиерлигата избори и Вотфорд, но сеуште не е познато кој ќе биде шампион во Чемпионшип дивизијата бидејќи Вотфорд има 88 бодови и во последното коло ќе го пречека Шефилд Венздеј, додека Бурмаут кој има 87 бодови во последната рунда ќе гостува кај Барнсли.
Сеуште не се познати и тимовите кои ќе играат во плејофот за третото место кое носи пласман во Премиерлигата.
Два тима сигурно ќе играат во плејофот а тоа се Мидлзброу и Норвич, додека за преостантите две места се борат четири тима: Ипсвич, Дерби каунти, Брентфорд и Вулверхемптон.