Германската Бундеслига денеска заврши со натпреварувачката 2019/2020 сезона со натпреварите од 34.коло.
По ова коло познати се сите патници кои следната сезона ќе играат во ЛШ и ЛЕ, познат е тимот кој ќе игра бараж, а познати се клубовите кои следната сезона ќе играат во втората лига.
Ова последно коло беше среќно за Вердер Бремен кои со победата од 6-1 над Келн се избори за бараж дуел за опстанок во првата лига.
Но последното коло беше кобно за Фортуна Дизелдорф кои по една сезона повторно ќе играат во втората лига.
Вториот тим кој се сели во ,,Цвајта,, е составот на Падерборн кои собраа само 20 бода со биланс од 4 победи 22 порази и 8 нерешени средби.
Тимовите кои следната сезона ќе играа во Европа се, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите, додека Баер Леверкузен, Хофенхајм и Волфсбург ќе настапуваат во Лига Европа.
Роберт Левандовски остана прв стрелец во лигата и сезоната ја заврши со 34 голови со што по 5-ти пат стана најдобар стрелец во Бундеслигата.