(Видео) ,,ЕР КАНАДА,, кажа крај – И официјално по 22 сезони заминува во пензија!

Loading

Уште една кошаркарска легенда заминува во пензија по 22 години минати во НБА лигата.

Легендарниот Винс Картер и официјално стави крај на кариерата на 43 годишна возраст како член на Атланта Хоукс.

Потпишувајќи минатата сезоната едногодишен договор со Атланта, Картер веќе најави на почетокот дека му е последната сезона на кариерата. Но, од прекинот на лигата во март поради пандемијата на болеста Covid-19, Картер не се изјаснуваше за својот играчки статус.

Меѓутоа, бидејќи во договорот на сите учесници беше одлучено натпреварувањето да биде продолжено со само 22 екипи, а Аталанта која е екипа со четвртиот најлош резултат сезонава во НБА лига остана меѓу осумте клубови кои ја завршија сезоната, се покажа дека на 12-ти март и Винс Картер ја одигра својот последен натпревар, во која Хоукс ги победи Њујорк Никс со 136:131.

Картер пристигна во НБА-лигата во 1998 година, кога на драфтот беше избран од Торонто репторс како петти пик.

Веднаш ги присвои симпатиите на навивачите со своите игри и заслужено беше прогласен за „Дебитант на годината“. Тој 6 пати беше олстар играч во седумте сезони додека го носеше дресот на Репторс, а во 2000 година го освои натпреварот во забивање на Олстарот.

Истата година на Олимписките игри во Сиднеј го изведе можеби и најдоброто забивање на сите времиња на дуелот против Франција.

Од 2004 до 2009 година го носеше дресот на Њу Џерси Нетс, потоа по една сезона играше за Орландо, Феникс, три во редовите на Далас, исто толку во Мемфис, а 2017/2018 играше во Сакраменто. Најдалеку стигна до финалето на Источната конференција во 2010 година во дресот на Орландо во конференциското финале против Бостон кое го загубија со 4-2 во победи.

Изминативе две сезони беше дел од Атланта…

Одигра 1541 натпревар, постигна 25,728 поени со просек од 16,7 поени по натпревар.