Новиот клуб на контроверзниот италијанец Марио Балотели, францускиот клуб Ница го декласираше лидерот на табелата Монако со 4-0.
Па така со новите три бода Ница се искачи на водечката позиција на табелата во Француското фудбалско првенство.
Марио Балотели полека ја враќа препознатливата форма, постигна два гола, исто како и во претходната рунда и беше најзаслужен за убедливата победа на Ница.
Во рамките на 6.коло во Лига 1 се одиграа и уште 7 средби:
Ангерс – Каен 2:1,
Бастија – Нанси 0:0,
Генгамп – Лориен 1:0,
Олимпик Лион – Монпеље 5:1,
Мец – Бордо 0:3,
Нант – Сент Етиен 0:0,
Рен – Олимпик Марсеј 3:2.
Претходно, шампионот ПСЖ на домашен терен го победи Дижон со 3:0, додека Тулуз славеше на гостувањето кај Лил со 2:1.
На табелата сега Ница е прва со 14 бодови, ПСЖ и Монако имаат по 13, Бордо 12, Тулуз 11, Генгамп 11…
Инсерти од дерби мечот во Ница…