ВИДЕО: Азурите ја потопија турската подморница на отворањето со 3:0 – Погледнете ги головите на мечот!

Loading

Одличен меч на отворањето на ЕП 2020 година одиграа Турција и Италија каде беа постигнати три голови, но во второто полувреме.

Азурите со убедлива победа од 3-0 над Турција го започнаа континенталниот собир кој се игра во повеќе држави во Европа. Италија во 1.коло тргна со победа и ги освои првите бодови во Групата А. 

Италијаните на домашен терен на Олимпико во Рим заслужено ги освоија трите бода, а стрелци на головите во вториот дел беа Мерих Демирал кој си постигна автогол во 53 минута, Чиро Имобиле во 66.минута и Лоренцо Инсиње во 79.минута.

На Италија сега и треба уште една победа во групата за да обезбеди пласман во следната фаза, додека на Турција ќе и требаат бодови во дуелите со Швајцарија и Велс. 

Погледнете ги головите на мечот….