Британскиот весник „Дејли мејл“ објави дека Катар подготвил голема измама на отворањето на Светското првенство.
Овој медиум објави дека Катар наводно веќе подмитил седум играчи на Еквадор да го загубат првиот натпревар.
Според нив, резултатот треба да биде 1:0 во корист на Катар, а голот да биде постигнат во вториот дел.
Истите извори пренесуваат дека приказната ја потврдиле петмина инсајдери од Катар и Еквадор, а Катар е подготвен да плати 7,4 милиони долари на споменатите играчи.
Катар е домаќин на турнирот, но не може да се пофали дека има посериозно фудбалско име. Официјално најдобар фудбалер на домашната екипа е Акрам Афиф кој настапува за белгиски Еупен.
Колку има вистина во овие тврдења на британскиот весник, ќе се покаже наскоро.
Катар и Еквадор играат на отворањето на Светското првенство в недела на 20 ноември од 17 часот.