Вечерва стартува 71-та сезона во НБА лигата

Loading

Вечерва со натпреварот Кливленд-Њујорк, ќе започне новата 71 сезона во НБА Лигата.

нба

Натпреварот се игра од 01:30 митуни по полноќ, а актуелниот шампион Кливленд, со Леброн Џејмс, ќе ја отвори новата НБА сезона, против екипата на Њујорк.

Во текот на ноќта ќе се одиграат уште два натпревари Портланд-Јута и Голден Стејт-Сан Антонио.

Според сите и оваа сезона, исто како и во претходните две за титулата ќе се борат Кливленд и Голден Стејт.

Доколку тоа се случи, тогаш прв пат во историјата на лигата ќе се случи две исти екипи да играат во три последовни финални натпревари.

Ако се оди според „планот“, прашање е само против кого тие ќе играат во конференциските финалиња, кои се увертира за големото финале и борбата за титулата.

Голден Стеј засилен со Кевин Дурент е најголемиот фаворит за прстенот, а на западот конкуренција можат да му бидат Сан Антонио, ЛА Клиперс, можеби и Хјустон.

Слично е и на истокот, апсолутен фаворит е Кливленд, а во завршницата можат да влезат Торонто, Бостон или Индијана.