Од 20 часот на програмата на Светското фудбалско првенство во Катар се одлучувачките натпревари во групата Б.
Нè очекува вистински спектакл. Се среќаваат Англија и Велс и САД – Иран, па овие дуели покрај фудбалска имаат и политичка конотација.
Пред последното коло Англија е прва со 4 бода, Иран има 3, САД 2, а Велс има само еден бод.
Благодарение на одличната гол-разлика (+4) Англичаните веќе се пласираа во нокаут фазата, а победата им го гарантира првото место во групата.
Најреална опција е во дуелот меѓу САД и Иран да добиеме уште еден патник за осминафиналето.
На Американците им е потребна победа, а на Иран му треба бод.
Најмалку шанси имаат Велшаните, треба да ги победат Англичаните, а Иран и САД да одиграа реми.