Според магазинот „Форбс“, овој играч и оваа година е најбогатиот светски спортист на светот.
Сигурно веќе погодувате, станува збор за ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо кој втора година по ред е на врвот на листата на магазинот Форбс за најбогат спортист и за 2017 година.
Португалецот остана на врвот, со заработка од 71.8 милиони фунти, втора година по ред.
Пред мегаѕвездата на Реал Мадрид е голферот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер кои го делеа првото место како спортисти со најголема заработувачка во последните 15 години.
Роналдо и во својата 32. година не престанува со ловот на трофеи. Откако во 2012 година за прв пат ја освои Примера, сега повторно успева да се искачи на тронот на Шпанија, а одбраната на титулата во Лигата на шампионите, беше негова четврта во кариерата.
Со тоа стана само шестиот фудбалер со четири европски трофеи. Со ваквиот успех Роналдо има приходи од сите страни, како од бонуси според договорот со клубот, но и од рекламирање на спортски брендови.
На второто место е најдобриот НБА играч на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, со заработка од 66.6 милиони фунти, додека Лионел Меси, е трет, со 61.8 милиони фунти.
Вудс и Мејведер, не се најдоа во првите 10. Трикратниот освојувач на УС Опен во голф е 17-ти, а Мејведер воопшто не е на листата, бидејќи немаше ниту еден меч во последните 12 месеци.