Тренерот на Федерер го отпиша Новак – Хрватот ги шокираше сите со оваа изјава!

Loading

Иван Љубичиќ, поранешен хрватски тенисер и долгогодишен тренер на Роџер Федерер, има многу интересно мислење за продолжување на борбата за најдобар тенисер на сите времиња.

џоковиќ

Љубичиќ не верува дека Џоковиќ ќе игра на турнир пред Австралија Опен.

„Се разбира, би сакал да го видам Новак на Мастерсот во Париз и на завршниот турнир во Торино, но не би бил изненаден ако одлучи да прескокне се и да се подготви за првиот Грен слем следната година, односно Австралија опен. Се е можно, не ја исклучувам ниту таа можност “, изјави хрватскиот тренер кој го тренираше Милош Раониќ, а работи со Федерер од 2016 година.

Хрватот смета дека дојде време да се сменат генерациите.

“Не би се обложувал дека тие тројца ќе бидат доминантни. Доаѓаат нови, помлади играчи, желни да ги освојат најголемите турнири. Тоа се Медведев, Циципас, Беретини и Зверев. Така, не ја исклучувам можноста Надал, Џоковиќ и Федерер да не освојат ниту еден Гренд Слем. “Но, некако сеуште не верувам во таа можност. Едно е сигурно, тие ќе победуваат се помалку, бидејќи доаѓа плејада на нови играчи”, заклучи Иван Љубичиќ.

Сепак Новак Џоковиќ потврди дека ќе учествува на тенискиот мастерс 1000 што од 4 до 17 октомври ќе се игра во Индијан Велс во САД.