Тренерот Чави ваднаш ги отпиша од Барселона – Овие шест фудбалери не сака повеќе да ги види!

Loading

Легендарниот шпански фудбалер Чави Ернандез ја презеде Барселона и планира да ја врати на победничките патеки. Тој го одработи првиот тренинг, им ги соопшти правилата на играчите, а се чини дека веќе одлучи на кого не смета повеќе.

ФОТО:Profimedia

Телевизијата „Чирингито“, која, сепак, е многу поблиска до Реал Мадрид, објави список на фудбалери на кои Чави веднаш ќе им соопшти дека можат да го напуштат клубот.

Тој сака да „крати“ плати и да се потпре на фудбалери од „Ла Масија“, како и да обезбеди пари за засилувања.

Веќе имал разговор со Жоан Лапорта, првиот човек на клубот, кој се согласил со неговиот услов што поскоро да продаде шестмина непожелни.

Тука нема големи изненадувања, на листата се: Умтити, Ленгле, Нето, Кутињо, Лук де Јонг и Брајтвајт.

Холандскиот напаѓач Лук де Јонг беше единствениот кој пристигна ова лето, во самиот финиш на преодниот рок на инсистирање на сега веќе поранешниот тренер Роналд Куман.

Брајтрајт пристигна да го пополни проблемот со напаѓачите, Нето е скапо платен резервен голман, а преостанатите тројца ја прават најголемата главоболка.

Умтити не сака да го раскине договорот со Барселона, Кутињо е прилично среќен што е добро платен и не игра, додека Ленгле значително падна во форма во последните две сезони и затоа Чави го пречкрта.

Прашање е колку пари Барселона би можела да добие од нив, но основната цел секако е да им ги реши платите.