Во Англиската премиер лига се комплетираше 34 коло со последниот натпревар помеѓу Стоук и Тотенхем.
До убедлива победа стигнаа фудбалерите на Тотенхем со 4-0 и на тој начин ја намалија разликата во однос на лидерот Лестер на само 5 бодови.
Тотенхем од почетокот го контролираа ритамот, а дополнителна сигурност им донесе голот кој Хари Кејн го постигна гол во деветтата минута.
Можноста да ја дуплира предноста на Спарси имаше Кристијан Ериксен но неговиот удар заврши во гредата.
Во второто полувреме Ериксен му асистираше на Дели Али кој во 67.минута погоди за 2:0. Само четири минути подоцна Тотенхем постигна уште еден гол, стрелец беше Кејн, а точка на мечот во 82.минута стави Али.
До крајот на првенството Тотенхем ќе игра против ВБА, Челзи, Саутемптон и Њукасл, додека Лестер за противници ќе ги има Свонси, Манчестер Јунајтед, Евертон и Челзи.