Торонто израмни на 1-1 против Мајами на Истокот, по победата од 96-92

Loading

Само една плејоф средба се одигра во НБА лигата и тоа на истокот вториот дуел помеѓу Торонто и Мајами.

playoffs1-2016

Во драматична завршница до победа стигнаа кошаркарите на Торонто кои израмнија на 1-1 во победи во полуфиналната серија на Истокот, против Мајами.

Се играше повторно продолжение каде поуспешни сега беа кошаркарите на Торонто кои славеа со 96:92.

Торонто, во текот на првото полувреме имаше и двоцифрена предност, но во второто полувреме Мајами успеа да се врати во мечот, да стекне предност од 70:77 на 6 минути до крајот на мечот.

tor-mia

Литванскиот центар Јонас Валанчунас со серија од четири поени му донесе израмнување, а потоа и водство на Торонто.

При резултат 86:83, на 10 секунди до крајот на регуларниот дел Горан Драгиќ погоди тројка за израмнување.

Валанчунас го предводеше Торонто со 15 поени и 12 скокови, Демар Керол постигна 21, а Дерозан 20 поени.

Кај Мајами стартерите постигнаа 79 поени, најефикасен беше Драгиќ со 20 поени, додека Двејн Вејд и Џо Џонсон постигнаа по 17 кошеви.

Серијата сега се сели во Мајами каде ќе се одиграат наредните два натпревари.

NBA: Playoffs-Miami Heat at Toronto Raptors

Вечерва се играа две средби од полуфиналето по една на истокот и западот каде се среќаваат Атланта-Кливленд и Оклахома-Сан Антонио.

Инсерти од мечот…