Jeлена Остапенко со само 20 години стана нова шампионка на женскиот дел од тенискиот гренслем Роланд Гарос 2017.
Летонската тинејџерка со голем пресврт ја победи со 2-1 во сетови романката Симона Халеп со 4-6, 6-4 и 6-3 и стигна до најголемиот успех во кариерата.
Остапенка по 1997 година стана најмладата победничка на Роланд Гарос по хрватската тенисерка Ива Мајоли, која тогаш имаше 19 години и 300 дена кога го освои Париз.
Интересен е фактот што Остапенко, е родена само еден ден по победата на Ива Мајоли над Мартина Хигинс, а денеска на истиот терен го имаше најголемиот успех нејзината кариера и прв гренслем трофеј.
За победата во финалето Јелена Остапенко доби 2.000 вта бодови и парична награда од 2,1 милиони евра, а Халеп освои 1,2 милиони евра и 1200 бода.
Остапенка од понеделникот ќе направи голем скок на ВТА листата и од 47-то место ќе се искачи на 12-то место.
Халеп со победа пропушти да се искачи на првото место на ВТА листата, а ова за неа беше втор пораз во финалето на Роланд Гарос.
https://www.youtube.com/watch?v=obUCEKiGnf0
https://www.youtube.com/watch?v=B6LhGwx1DoA