Тенискиот Дејвис куп ги доби финалистите, Хрватска против Аргентина!

Аргентина и Хрватска ќе играат во финалето на тенискиот Дејвис куп.

дејвис куп1

Аргентина, во Лондон, славеше против бранителот на трофејот Велика Британија со 3-2.

Со идентичен резултат Хрватска, во Задар, ја победи Франција.

Велика Британија против Аргентина во последните два меча влезе со негатива 1-2.

Најпрвин Енди Мари очекувано славеше со максимален резултат во мечот со Едуардо Пеља и израмни на 2-2.

аргентина

Решавачкиот поен на Аргентина и го донесе Леонардо Мајер, кој настапи на местото на Дел Порто.

Аргентинскиот селектор реши Дел Порто да остане на клупата, бидејќи во првите два дена мина повеќе од 8 часа на теренот и погоди со замената.

Мајер, кој е 114-ти на АТП листата го победи Дан Еванс во четири сета со 4-6, 6-3, 6-2, 6-4 и избори финале.

аргентина1

Хрватите влегоа со предност од 2-1 против Франција.

Решавачкиот поен го обезбеди Марин Чилиќ со лесна победа од 3-0 над Ришар Гаске.

чилиќ

Хрватска има еден триумф во Девис купот во 2005 година, додека Аргентинците немаат трофеј во ова натпреварување иако четири пати играле во финалето во 1981, 2006, 2008, 2011.

Финалниот меч ќе се игра од 25 до 27 ноември, каде домаќин ќе биде Хрватска.

хрватска