(ВИДЕО) Среќен 44-ти роденден Коби – Овие седум работи не сте ги знаеле за Брајант!

Loading

На денешен ден во 1978 година, во Филаделфија е роден еден од најдобрите кошаркари на сите времиња – Коби Брајант.

Роден е како најмлад од трите деца и е син на поранешниот кошаркар Џо Брајант.

Кога имал 6 години, со родителите се преселил во Италија, каде што татко му играл кошарка до 1991 година, кога ја завршил професионалната кариера и со семејството се вратил во Америка.

Коби потоа отиде во средното училиште Лоуер Мерион за чиј тим почна да настапува, играјќи на позицијата бек. И уште тогаш беше јасно дека ќе стане голем играч.

Тој имаше просек од 30,8 поени по натпревар и беше водечки стрелец во Јужна Пенсилванија по завршувањето на средното училиште.

Трагично загинатиот легендарен кошаркар на Лејкерс стана првиот играч во чија чест се пензионираа два броја, а бројките поврзани со неговата кариера се повеќе од импресивни.

НБА драфтот од 1996 година сè уште се смета за еден од најбогатите, талентирани драфтови во историјата на најсилната лига во светот.

Стив Неш, Ален Ајверсон, Бен Волис, Реј Ален, Стефон Марбери, Предраг Стојаковиќ и да, првиот шутерски гард во историјата драфтуван веднаш од средно училиште, седумнаесетгодишникот по име Коби Брајант, влезе во елитното натпреварување.

Како 13-ти пик, тој беше избран од Шарлот Хорнетс, за потоа да биде испратен во Лос Анџелес Лејкерс во замена за Владе Дивац.

Се останато е историја…

Во продолжение ви издвојуваме седум интересни факти за кариерата на Брајант кои веројатно не сте ги знаеле:

1. Во текот на неговата кариера, Брајант со 40+ поени постигна против секој тим во лигата.

2. Натпреварот во кој постигна 81 поен е највисокиот процент од вкупните поени на тимот на еден играч (66%) и највисокиот процент од вкупните поени на еден играч во натпревар (36%).

3. Единствен играч во последните 50 години кој нанижал четири меча од 50+ поени. Во 2007 година, тоа му успеа.

4. Сè уште е најмладиот играч кој некогаш достигнал 30, 31, 32 и 33 илјади поени.

5. Го држи рекордот на Лејкерс за најмногу натпревари со 60+, 50+, 40+, 30+, 20+, 10+ поени. Шест пати над 60, а 26 пати над 50 поени постигна на натпреварот. Тој постигна преку 40 поени во неверојатни 124 пати.

6. Коби е единствениот играч во историјата на лигата кој во три последователни сезони постигнал 600 „плејоф“ поени.

7. Од доаѓањето на Брајант во лигата, 57 играчи постигнале повеќе од 50 поени на еден натпревар. Само тројца го постигнале тоа повеќе од 10 пати. Покрај Коби, тоа се Ајверсон и Леброн.

фото: Getty Images

Во пензионерските денови, го поминуваше поголемиот дел од своето време со сопругата Ванеса и четирите ќерки – Џана, Натали, Бјанка и Капри.

Трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година заедно со неговата ќерка Џана и уште седум членови на екипажот во 41-та година од животот.