Трансферот на Коби беше готов, требаше да ги напушти Лејкерс – Но еден човек го спречи тоа!

Коби Брајант целата своја кариера ја помина во Лејкерс, a пристигна во 1996 година и го носеше дресот на клубот до 2016 година, освојувајќи пет титули во НБА.

фото: Getty Images

Сега во јавноста излезе приказна која малкумина ја знаеја, тој требаше да го напушти тимот на Лос Анџелес.

Се се случи во 2007 година кога Далас беше блиску до доведување на легендарниот кошаркар и создавање тандем со Дирк Новицки.

Сите детали за тоа ги кажа првиот човек на Мавси, Марк Кубан. Се беше подготвено за трансфер кој ќе ја раздрмаше лигата…

фото: clutchpoints

“Бев во шоуто “Танц со ѕвездите” и вежбавме многу. Разговарав со претседателот на клубот Бас и тој ми рече дека мисли дека ќе се разделат со Коби. Добро се сеќавам на тоа бидејќи таму беше човек по име Елвис, голем навивач на Лејкерс кој постојано ми зборуваше за Брајант. Кога започна таа приказна, прво му кажав дека го носиме, а потоа се се распадна, тоа беше „бакнежот на смртта“, се насмеа Кубан.

Тимот со Коби Брајант и Дирк Новицки дефинитивно би бил интересен и би биле меѓу главните фаворити за титулата. За малку ќе се случеше.

фото: clutchpoints

Наместо тоа, во редовите на Лејкерс пристигна Пау Гасол и тимот освои две последователни титули.

„Генералниот менаџер Мич Купчак го убеди да остане. Кога некој голем играч сака да си замине, ќе направиш се за да го задржиш. Ќе беше проклето добар тим ако дојдеше. Дирк ми рече: „Човеку, јас би се менувал за Коби. Му редов на Новицки дека сигурно нема да го трејдам и тоа е целата поента на трејдот. Потоа Лејкерси го донесоа Гасол и се се смени. Во НБА една повреда или трејд менува се.

На директно прашање колку се беше блиску, зборовите на претседателот Далас ја изненадија и водителката. Мислев дека е готово“, одговори Кубан и изненади многу љубители на кошарката.

За жал, легендарниот кошаркар повеќе не е меѓу живите. Заедно со неговата ќерка Џана и уште седум други лица, загинаа во хеликоптерска несреќа во градот Калабасас (Калифорнија) на 26 јануари 2020 година.