Спарси и Хокси обезбедија 2-0 во победи против Мемфис и Бостон

Loading

Само 2 плејоф средби се одиграа во НБА лигата по една на истокот и западот.

griz-spa

На западот тимот на Сан Антонио и во вториот меч лесно се справи со десеткуваниот Мемфис овојпат со 94:68. Најефикасни кај Спарси беа Пети Милс со 16, односно Каваи Ленард со 13 поени.

Мемфис, во Сан Антонио постави нов негативен клупски рекорд, постигнувајќи само 68 поени. Зек Рендолф со 11 поени и 12 скокови беше најдобриот играч на Мемфис.

На истокот Атланта, во вториот меч не дозволи никакво изненадување против Бостон и славеше пред своите гледачи со 89:72, а осбено убедливи беа во првата четвртина кога на Бостон му дозволија да постигне само 7 поени.

cel-haw

Кајл Корвер и Ал Хорфорд постигнаа по 17 поени кај победникот, додека Бостон го предводеше Ајзеа Томас јуниор со 16 кошеви.

За вечерва предвидени се три натпревари од плејофот Мајами-Шарлот, Кливленд-Детроит и ЛА Клиперс-Портланд.