Селекторот на Шведска, Ерик Хамрен, ги објави имињата на 23-та фудбалери кои ќе ја преставуваат оваа земја на Европското првенство 2016 во Франција.
Шведска ќе ја предводи кој друг ако не Златан Ибрахимовиќ, најдобриот играч и стрелец на ПСЖ, а од поискусните играчи селекторот смета и на голманот Исаксон, односно Калстром, Ларсон, Берг и Лустинг.
Голмани: Исаксон (Касимпаша), Олсен (Копенхаген), Калгрен (АИК Стокхолм)
Одбрана: Аугустинсон (Копенхаген), Јохансон (Копенхаген), Лустинг (Селтик), Јансон (Торино), Линделоф (Бенфика), Гранквист (Краснодар), Олсон (Норич)
Среден ред: Дурмаз (Олимпијакос), Ларсон (Сандерленд), Екдал (Хамбург), Хиљемарк (Палермо), Вернблум (ЦСКА Москва), Зенгин (Трабзон), Левицки (Малме), Форсберг (Лајпциг), Калстром (Грасхоперс)
Напад: Ибрахимовиќ (ПСЖ), Гуидети (Селта), Берг (Панатинаикос), Кујовиќ (Норкопинг).
Шведска се наоѓа во силната Е група, заедно со Белгија, Италија и Република Ирска.