Норвешкиот тренер Оле Гунар Солскјер повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед по дебаклот против Ватфорд од 4-1.
Најдобриот играч на ,,Црвените Ѓаволи, Кристијано Роналдо по промената на тренерот му посочи на раководството клубот свој кандидатот за нов менаџер.
Португалецот би сакал Оле Гунар Солскјер да го наследи шпанскиот стручњак Луис Енрике, актуелен селектор на Шпанската репрезентација и поранешен тренер на Барселона.
Енрике е еден од кандидатите во сенка за клупата на „црвените ѓаволи“, а Роналдо веќе го кажа своето мислење кого би сакал да го види на клупата како конкуренција на Зинедин Зидан.
Cristiano Ronaldo wants Spain coach Luis Enrique to become the new Manchester United coach, per @RobDorsettSky pic.twitter.com/c9ybi1FPR1
— B/R Football (@brfootball) November 21, 2021
Интересно, Роналдо никогаш не соработувал со Луис Енрике, за разлика од Зидан, но сепак би сакал да го види на „Олд Трафорд“.
Како можни решенија се споменуваат и менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс и Ерик Тен Хејг од Ајакс.