ВИДЕО: Конечно се појави кинеската тенисерка која се водеше како исчезната!

Loading

Вистинска драма се одвиваше овие денови за тоа каде и што се случува со кинеската тенисерка Шуаи Пенг по нејзините обвинувања дека била силувана од кинескиот вицепремиер Џанг Гаоли.

Цел свет се крена на нозе, а реагираше и ВТА, која и се закани на Кина со повлекување на турнирот доколку не се разјасни ситуацијата со Пенг.

Но конечно на драмата и дојде крајот, бидејќи Пенг беше видена на еден младински турнир во Пекинг.

Во видеото на кое се гледа Пенг, не се споменува моменталната ситуација и обвинувањата за силување, на објавените фотографии може да се види Пенг меѓу гостите на финалето на Фил Кидс Јуниор Тенис Челинџер турнирот, облечена во темно сина јакна и бели панталони, пренесува Ројтерс.

Пенг последен пат се појави во јавноста на почетокот на ноември, кога ги изнесе информациите дека била силувана.

Потоа следеше бришење на се од социјалните мрежи, а следеа реакции од целиот свет. Меѓу загрижените беа и бројни тенисери, а по тој повод се огласи и првиот светски рекет Новак Џоковиќ.